Десет сообраќајки во Скопје - полицијата евидентираше многу прекршоци

Нема крај на хаосот на скопските улици, и покрај големите казни. Осум лица се полесно повредени во седум од 10 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во три сообраќајки е евидентирана материјална штета, информира за МИА Драган Вељаноски, самостоен инспектор во Министерството за внатрешни работи.

Во изминатите 24 часа сообраќајната полиција санкционирала 11 возачи за пречекорување на брзината, тројца не ги почитувале светлосно сигналните уреди  (семафори), осум возеле без возачка дозвола односно нерегистрирани возила, а  10  санкции биле за непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило во текот на изминатиот ден се отстранети четири возила.

 
 
23.08.2016 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега