Се обидел да избега - скопјанец заработи 30 дена притвор

 

Околу 05 часот и 10  минути на магистралниот пат А1 во правец Гевгелија-Скопје, после тунелите кај Демир Капија, полициски службеници од Неготино дале знак за запирање и контрола на возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Р.Ш. од Скопје. кој застанал со возилото и потоа избегал, но по кратко време бил пронајден и приведен.

Во возилото се откриени 12 лица-мигранти од Сирија. Против, скопјанецот е поднесена кривична пријава и  доставена до Основното јавно обвинителство.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 
 
23.08.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега