Направил сообраќајка со амбулантно возило - новороденче почина на Ургентен во Скопје

 

Страшна сообраќајна несреќа се случи во 17 часот и 50 минути на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на селото Лакавица, штипско. Според податоците од полицијата, автомобил марка „Фиат Добло“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ Општа болница Струмица, управувано од страна на 58-годишниот Љ.Ч. кој бил со  В.Т.(30)  С.С.(53) и новородено бебе од 39-годишната Е.У. се сдурило со тешко товарно возило „Ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот М.Т. од Трстеник, кавадаречко.  

Како сопатник во возилото бил 42-годишниот В.Н. од селото Нов Караорман, штипско.

Во незгодата, сопатничката од автомобилот С.С. се здобила со жскршеница на носна коска, а новороденчето со возило на Брза помош е пренесено во Клинички центар Скопје, каде во 01 часот подлегнало на повредите.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата во Штип и јавен обвинител.

 
 
23.08.2016 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега