Бебенцето кое загина во сообраќајка го носеле во болница
Страшна сообраќајна несреќа се случи во 17 часот и 50 минути на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на селото Лакавица, штипско. Според податоците од полицијата, автомобил марка „Фиат Добло“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ Општа болница Струмица, управувано од страна на 58-годишниот Љ.Ч. кој бил со В.Т.(30) С.С.(53) и новородено бебе од 39-годишната Е.У. се сдурило со тешко товарно возило „Ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот М.Т. од Трстеник, кавадаречко. Како сопатник во возилото бил 42-годишниот В.Н. од селото Нов Караорман, штипско.
Бебенцето било многу болно и со возилото кое ја предизвика сообраќајната несреќа, го носеле на лекување на скопските Клиники. За жал, тоа во 1 часот им подлегнало на повредите здобиени во несреќата. Повредена е и сопатничката од автомобилот С.С. Таа е вработена во Струмичката болница, а се здобила со скршеница на носна коска.
Мајката на бебенцето не е повредена во страшната несреќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа