Едно лице загина во тешка сообраќајка пред Охрид - сообраќајот блокиран
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево во 16:50 се случила на патот Кичево - Охрид бо близина на требеништа.
Како што дознава Press24 од полициски извори мотоцикл се судрил со тешко товарно возило Сканија.. Поради несреќата сообраќајот одреден период бил во прекин но полицијата обезбедила простор да продолжи увидот но и освивањето на сообраќајот.
Според неофицијални информации мотоциклистот инаку сопственик на познат охридски ресторан завршил под камионот и го загубил животот.
Од МВР официјално потврдуцаат дека едно лице го загубило животот. Повеќе детали најавуваат по комплетирањето на увидот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа