ТРАГЕДИЈА: Загионатиот мотоциклист кај Охрид бил татко на три малолетни деца
Едно лице на 42 годишна возраст го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на селото Требеништа, на магистралниот пат Охрид – Кичево.
Станува збор за лицето К.В. од Охрид, угостител од Охрид, кој управувал моторцикл и настрадал откако се судрил со камион
Несреќата се случила попладнево околу 16 часот, по што веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија каде била констатирана смрт.
K.В. беше оженет, татко на три малолетни деца.
23.08.2016 - 19:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа