По смртта на Коста моторџиите се простуваат од уште еден пријател
Моторџиите со голема тага на социјалните мрежи се простија од младиот Коста С, кој загина во страшна сообраќајна несреќа. И додека нивните рани сеуште крварат по загубениот пријател, кој беше пријавен за исчезнат, па беше пронајден мртов во 5 часот и 40 минути, на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на местото Прждевски споменик, загубија уште еден пријател.
Едно лице на 42 годишна возраст го загуби животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи во близина на селото Требеништа, на магистралниот пат Охрид – Кичево. Станува збор за лицето К.В. од Охрид, кој управувал моторцикл и настрадал откако се судрил со камион, по што веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија каде за жал била констатирана смрт.
Моторџиите се простија и од него на социјалните мрежи:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа