Тетово: Го бодел со нож и го тепал со бекатонски плочки
Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути во Тетово, на улицата „Благоја Тоска“, во близина на угостителски објект, настанала расправија и меѓусебно туркање помеѓу 29-годишниот Џ.Ф. од Тетово, 31-годишниот Г.К. од Петровец, скопско. Настанот го забележал полициски службеник, кој во моментот не бил на работа, заедно со 46-годишниот И.А. од Тетово кои ги разделиле насилниците, а притоа забележале дека Џ.Ф. во рацете има нож, па се обиделе да му го одземат. Ножот паднал на земја, па го земал 25-годишниот М.М. од Тетово, кој, исто така, бил на местото на настанот и со истиот на И.А. му задал два удари во пределот на левиот бут и над бутот.
А.Н. од Тетово кој исто така бил присутен на местото на настанот кон И.А. фрлил со бекатон коцка и го удрил во пределот на десната рака по што М.М. и А.Н. побегнале од местото на настанот.
И.А. бил префрлен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош по што бил задржан на понатамошно лекување.
Џ.Ф. бил приведен во Полциијата во Тетово и по извршениот разговор бил пуштен дома.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа