Со осум покер апарати го олеснил Буџетот на Македонија за 13 милиони денари

25 годишниот А.Ј. од гостиварското село Добри Дол кривично ќе одговара за „комар“ и „даночно затајување“. 

На 26. јуни годинава, полицијата го открила криминалот на момчето, откако извршила контрола во објект во селото Пирок, кој А.Ј. ја користел под закуп.

Во објектот биле пронајдени осум покер апарати за игри на среќа, а од преземените мерки е констатирано дека пријавениот неовластено организирал игри на среќа без да го регистрира објектот како автомат клуб, без да уплати надомест за добивање на лиценца и без да ги плати и предвидените законски давачки. Со ваквата измама, гостиварчанецот го оштетил Буџетот на РМ за 13.007.250 денари.

најчитано сега