Духовна академија, бдеење и литургија за викендот во манастирот во Матка

Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје во сабота на 27 август ќе се одржат вечерна богослужба (18:00), Духовна академија и полноќно бдеење. 

Традиционално учество на Духовна академија ќе имаат деца од Скопје кои ќе изведат  хорски црковни песни, а предвидено е и читање псалми. 

Утрото на 28 август (08:30), на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Како и минатите години, во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

 
 
24.08.2016 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега