Некогаш беше на врвот на естрадата - денес нема пари да си ги плати сметките

Некогаш беше на врвот на естрадата, а денес нема пари да си ги плати сметките за вода и струја. Познатата српска пејачка Данијела Враниќ денеска живее на просјачки стап.

Освен што Данјиела не може да собере пари за нови песни, исто така си има проблем и со извршители кои деноноќно и тропаат на вратата. Таа била толку очајна, што морала да побегне кај своите родители.

- Два дена се криеше кај родителите, не можеше да го поднесе тоа што извршители и тропаат на вратата. Ситуацијата навистина и е тешка, вели извор близок до српската пејачка и додава дека таа е во депресија.

Инаку, Данијела во минатото беше една од најпопуларните пејачки во Србија, со бројни тезги и хитови.

 
 
25.08.2016 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега