Божиновски: Исполнети се условите за избори но со СДСМ никогаш не се знае

Создадени се сите услови за избори, но кога станува збор за СДСМ, секогаш треба да се има резерва дека членовите на оваа партија може да го променат својот став и повторно да избегаат, и да постават некој нов услов. Ова во изјава за Телеграф го вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, според кој со социјалдемократскиот сојуз треба секогаш да се биде внимателен.

- Овој пат се очекуваат избори, но со СДСМ никогаш не се знае. Двата нивни изговори поради кои се одложуваа изборите веќе не држат. СДСМ сакаше да се извади на тоа дека тие што нема да се пријават се фантоми. Но јасно е дека тоа се живи, реални луѓе и дека не станува збор за никакви фантоми бидејќи нивните гласови не се искористени. Не е исклучено СДСМ да тактизираат и во последен момент да излезат со некое ново барање што не беше дел од преговорите. Иако тоа сега звучи нереално, не треба да се исклучи, вели Божиновски во изјава за Телеграф.мк.

Според него, ги има сите услови за избори во декември.

 
 
25.08.2016 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега