Скопјани внимавајте каде паркирате: Пајакот собра 70 возила

Повторно голем број на сообраќајки со повредени лица во Скопје. Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден регистрирала 14 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Откриени и санкционирани поголем број прекршоци. Санкционирани се 57 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафорите, 12 ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Десет возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а регистрирани се и 32 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска ќе реализираме едукативни работилници во Детската Градинка „Буба Мара“ објект „Сонце“ истиот се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

 
 
25.08.2016 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега