ФОТО: Нема да ви се верува што излезе канализацијата во скопско Радишани
Јавното претпријатие Водовод и канализација вчера на социјалните медиуми објави фотографија која ретко се гледа. Таа била направена на улицата Радишански во Радишани, каде од шахтата на самата улица било извадено цело казанче.
Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да не се фрлаат предмети во шахтите, од кои се затнува мрежата и се намалува целиот капацитет на истата, а посебно да не се фрлаат цврсти предмети или разни други материјали, кои не се разградливи.
26.08.2016 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа