Мотоциклист повреден во тешка сообраќајка во Кисела Вода

 

Мотоциклист е повреден во тешка сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Сузуки Витара“ и мотор, двете со скопски регистерски ознаки.

Возачот на моторот, чиј идентитет не е познат, со повреди е пренесен во Ургентниот центар. Засега нема информации за карактерот за повредите.

Полицијата е на местото на несреќата и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе детали.

 

фото: Фејсбук

 
 
26.08.2016 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега