Баба и дедо ќе ги раздвојат по 62 години брак - ќе ви се скрши срцето

Германски брачен пар, Волф Готшалк (83) и неговата сопруга Анита (81), емигрирале во Канада од каде по 62 години заеднички живот мораат да се раздвојат поради тоа што немаат можност да бидат во ист старечки дом!

Парот се венчал 1954 година, а во бракот добиле син и две ќерки.

Сепак, по повеќе од шест децении заеднички живот, седум месеци се принудени да живеат еден без друг затоа што не постои дом за стари лица во кој двајцата можат да бидат сместени.

Волф се наоѓа на листата на чекање за прием во домот во кој е сместена неговата сопруга Анита, но од таа установа не им е кажано колку долго ќе мора да се надева.

Главниот проблем е неговотата здраствена ситуација, затоа што му е дијагностицирана деменција. Поради таа причина семејството секој ден ја носат Анита во старечкиот дом на нејзиниот сопруг, за да се видат барем и на половина час.

Медицинските работници соопштуваат дека случајот на Готшалк е приоритетен.

 
 
28.08.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега