ТАЖНА ВЕСТ:Почина познат актер

 

Американскиот актер Џин Вајлдер - ѕвезда на кино класиците како „Вили Вонка и фабриката за чоколадо", „Младиот Франкенштајн" и „Жена во црвено“, почина на 83-годишна возраст, пренесоа светските агенции.

Семејството на Вајлдер соопшти дека тој починал вчера, во својот дом во Стемфорд, во државата Конектикат, од компликации од Алцхајмеровата болест.

Image result for Џин Вајлдер

Вајлдер ја започна својата актерска кариера на театарската сцена во 1961 година, а во светот на филмот пробив направи со својата улога во комедијата „Продуценти“ во 1967 година.

Вајлдер, препознатлив во витканата коса, се прослави во филмовите на познатиот американски режисер мел Брукс, во кои главно играше збунет лик, кој се наошол во неверојатна ситуација

 
 
30.08.2016 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега