Потресна исповед на славната тенисерка: Поминав низ пекол, ја продолжувам борбата за живот

 

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли изјави дека поминала низ пекол бидејќи четири месеци поминала во болница борејќи се против опасна бактерија поради што изгубила многу килограми.

Бартоли допатувала во Њујорк за да биде стручен коментатор за време на Ју Ес опен.

Французинката, која го освои Вимблдон во 2013. година, се повлече од професионалниот тенис, а признала дека со оваа бактерија најверојатно се заразила додека била во Индија.

Бартоли вели дека била во животна опасност поради што четири месеци поминала во болница, а нејзиното тело не сакало да прифати храна.

- Одморот нема да ми помогне да се излечам. Сосема е сеедно дали сум во Њујорк или лежам во кревет ако бактеријата не се уништи. Меѓутоа, подоброп се чувствувам кога сум активна, рече Бартоли и продолжи:

- Поминав низ пекол. Такво нешто не му посакувам ни на најголемиот непријател. Бактеријата беше во мојот стомак, а сега е во цревата. Се разболев, завршив во болница. Сега по трет пат излегов од болница и полека почнувам да се опоравувам. Докторите од мене бараат да внесувам по 3.000 калории дневно, но тоа не е едноставно. Сега сум на антибиотици, кои се надевам ќе ја уништат бактеријата.

Таа рече дека ја продолжува борбата за здравјето и животот.

- Среќна сум што сум во Њујорк, што ги гледам луѓето кои ги сакам. Ова е подобро отколку со недели да лежам во болница. Што се однесува на Ју Ес опен, имам список на јадења кои се безбедни за мене. Сигурна сум дека за време на коментирањето нема да имам температура од 40 степени, објасни французинката.

 

 
 
30.08.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега