Поради здравствени проблеми овчарот Иснифарис повторно на слобода

Поради проблеми со срцето, на најпознатиот овчар Иснифарис Џемаили од аферата „Бачило“, му било дозволено да го напушти затворот за да замине на едномесечно лекување, пренесува Утриски весник.

- Точно е дека Иснифарис Џемаили од неодамна е пуштен на лекување. Добивме комплетна документација, наоди и мислење за неговата здравствена состојба од лекарите во затворот. Поради неодамнешната лекарска интервенција на срцето и потребата тој да го продолжи лекувањето, му одобривме прекин на издржувањето на казната во период од 30 дена, потврдил министерот за правда, Блерим Беџети за Утрински весник.

Инаку, за аферата Бачило, Иснифарис треба да одлежи 3,5 години затвор за криминалот со наплата на обесштетување од државата во висина од 720 илјади евра за наводно гранатирано бачило во 2001 година.

Извор: Утрински

ФОТО: А1.он

 

 

најчитано сега