Иванов ќе се обрати на промоцијата на 13. класа на питомци на Воената академија „Михајло Апостолски“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе се обрати на промоцијата на 13. класа на питомци на Воената академија „Михајло Апостолски“, прва генерација која дипломира по повторното возобновување на Воената академија, како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“.

 Свеченоста ќе се одржи во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

најчитано сега