ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да фрли сенка на големиот успех за вклучувањето на Македонија во Јужен тек

Веќе секојдневните напори на СДСМ да создаде негативна слика во јавноста за влегувањето на Македонија во проектот Јужен тек стануваат јалови. Колку и да се труди СДСМ со бесмислени прес конференции и соопштенија неможе да одрече дека:

Прво, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и го донесе најголемиот енергетски и економски проект на Република Македонија во последните 23 години.

Второ, со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност на земјава во наредните 50 години.

Трето, благодарејќи на договорот граѓаните и стопанството на Република Македонија ќе добијата ефтин енергенс кој ќе придонесе за подобар стандард, кој ќе донесе раст на економската активност.

 

          Заслугите на ВМРО-ДПМНЕ се двојно поголеми бидејќи успеа да искористи пропуштена шанса на пратходната влада на СДСМ, која не мрдна со прст кога земјите во регионот настојуваа да влезат во меѓународниот гасовод. Од сосема заборавени и изоставени, благодарение на СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа дополнително да ја вклучи земјава во проектот Јужен тек. Сега целта на СДСМ е да го скрие тој факт, обидувајќи се да фрли сенка врз очигледниот успех кој го постигна оваа Влада со потпишувањето на договорот.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега