Вооружена драма на бензиска „Макпетрол“
Ноќеска околу 04:10 часот во Секторот за внатрешни работи во Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во близина на село Романовце, поточно на бензинската пумпа „Макпетрол“, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработениот.
Сторителите, од кои едниот бил вооружен со пиштол, со закана и употреба на сила го врзале со лисици, му го одзеле дневниот промет, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
31.08.2016 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа