Клучот на долговечноста е во физичката активност: Јелена и на 97 години е активен планинар

Учителка во пензија и член на планинарскиот клуб „Железничар“ од Србија Јелена Минарди (97) од Ниш неодамна учествуваше во традиционалното искачувањето на врвот Црноок кај Босилеград, а планира на крајот на септември за земе учество и во искачувањето на врвот Остра Чука покрај Сокобања.

Јелена има 97 години , а со планинарење се занимава веќе шест децении и има учествувано на повеќе од 100 планинарски акции. Покрај Мон Блан освоила бројни врвови ширум Европа и бившите југословенски држави.

-Го засакав планинарењето додека работев во школото за извидници. Се чувствувам свежо додека сум на планина. На отворено човек се чувствува прекрасно, животот му се продолжува , секој поход го продолжува животот за една година, вели Јелена.

За да биде во добра кондиција , таа секојдневно пешачи најмалку еден час и им порачува на сите дека поминувањето на време во природа и физичката активност се клучот за долговечност.

-Младите треба да поминуваат време на планина наместо да седат во кафулињата, советува Јелена.

Јелена вели дека ќе учествува во планинарските акции се додека ја држат нозете.

 
 
31.08.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега