Ова е првата фотографија од Јосип Броз Тито

Најстарата фотографија од Јосип Броз Тито направена е во словенечкото гратче Камник, а денес е во сопственост на пензионерот Виктор Шубиц (85), кој ја чува како реликвија.

На позадината на фотографијата запишан е датумот 4.мај 1911. година, додека во биографијата на Тито стои податокот дека таа година се вработил во фабриката „Титан“ во Камник.

Според зборовите на Виктор Шубиц, кој речиси две години живеел со Јосип Броз во иста зграда, фотографијата ја направил Чеш по име Јинчик, вработен во фабриката.

Фотографијата е направена за време на пладневната пауза, кога во дворот се собрале работниците за да имаат спомен од фабриката која тонела во стечај.

 

 

 
 
01.09.2016 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега