Последниот земјотрес вечерва со епицентар во населбата Аеродром

Шест афтершокови беа почувствувани во Скопје по силниот земјотрес од 5,2 степени што се случи во 15.10 часот на длабочина од четири километри. Последниот од нив беше во 20.57 часот со јачина од 2,1 степени и според координатите на Европско-медитеранската сеизмолошка станица, во населбата Аеродром, покрај Вардар.

Претходно имаше потреси во 16.45, 16.07, 15.30, 15.19, и во 15.14, кои беа со интензитет помеѓу два и три степени. Пред најсилниот земјотрес во 15.10, утринава имаше два земјотреси, од кои посилниот беше во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени

 
 
11.09.2016 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега