Се обиделе да прошверцуваат ракија - цариниците ги фатија на дело
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една измама, три обиди за нелегален влез во Република Македонија, еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, свежа риба, облека и делови за товарни возила.
Домашна ракија и цигари - 75 литри домашна ракија, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на наплатната рампа во близина на Велес. Во багажникот на возилото биле пронајдени 15 пластични шишиња од по 3 литри и 15 шишиња од по 2 литри, за кои возачот не поседувал доказ за потекло и платени увозни и акцизни давачки. Ракијата е привремено задржана а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
- 82 штеки цигари ЛД, Бонд Стреет и Ѕорк со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на романски автомобил, управуван од романски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Цигарите пронајдени во багажникот на возилото, во просторот за резервна гума и во повеќе патни торби, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Свежа риба - 20 килограми свежа риба, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените риби, пронајдени во две торби, сместени пред совозачкото седиште, се привремено здржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа