Пукање кај Градската болница во Скопје

Доцна синоќа, во 23 часот и 35 минути, на автобуската постојка кај хируршката болница „Св. Наум Охридски“, позната како поранешна Градска болница, се слушале пукотници. Како што пишува Република, две непознати лица на моторцикл во движење испукале неколку рафали кон патничко возило БМВ, со кое управувал 18-годишниот С.К. од Велес.

Напаѓачите веднаш избегале откако ги испукале рафалите, а полицијата веднаш дошла на местото на настанот. Пронајдени биле чаури. 

МВР најави повеќе детали во текот на денот.

 
 
16.09.2016 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега