Рокот истекува утре: Пријавете штети од серијата земјотреси во Скопје

Заклучно со утре ќе може да се пријави потреба од проценка на безбедност на објекти, како последица од земјотресите, на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, заклучил Главниот штаб за управување со кризи на завчерашната седница  

Како што соопшти денеска Центарот за управување со кризи,  по истекот на рокот, граѓаните може да доставуваат пријави  до општинските комисии за проценка на штети.

По серијата земјотреси што во изминатите две недели беа почувствувани во скопското епицентрално подрачје тимови на Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИИС)  вршат проценка на безбедноста на објектите.

 
 
22.09.2016 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега