Груевски: Над 1.500 вработени за два и пол месеца преку „Македонија вработува 2“

Во два и пол месеца од почетокот на проектот „Македонија вработува 2“ има над 1.500 вработувања од страна на 1.160 компании кои ги искористиле условите на проектот. Од нив, илјада се мали компании со десет вработени. 

- Значи, овие мали компании преку овој проект нашле начин да си го зголемат својот бизнис, да вработат уште некој, да остварат плата за себе и за него и, на некој начин, да одат напред, а со тоа да влијаат и на намалување на невработеноста во Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски по посетата на локацијата каде што се  гради училишна спортска сала на ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје. 

Нагласи дека е задоволен од текот на „Македонија вработува 2“ кој се спроведува поради покажаните резултати од неговиот прв дел.

- „Македонија вработува 1“ беше многу успешен проект и од таа причина одлучивме да го повториме, додаде Груевски.

 
 
25.09.2016 - 15:37
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега