Познат идентитеот на ранетото момче во Бутел
МВР излазе со детали за пукањето на 25.09.2016 година околу 21.00 часот воскопската населба Бутел на ул. „Втора Македонска Бригада“. Во соопштението се вели дека непознато лице пукало кон А.Ј. (21) од с.Арачиново.
Притоа, А.Ј. се здобил со прострелна рана во пределот на левата потколеница и скршена коска. Истиот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени траги од крв и 14 чаури. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот и за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа