Средба на Спасовски со амбасадорот на Израел Дан Орјан

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Израел Дан Орјан.

Од МВР информираат дека соговорниците ја потенцирале досегашната одлична соработка помеѓу двете земји и изразиле уверување за нејзино продолжување и продлабочување.

-Министерот Спасовски и амбасадорот Орјан разменија мислења за предизвиците со кои се соочуваат двете земји, при што особено беа потенцирани можните закани и опасности од тероризмот и мигрантската криза. Амбасадорот Орјан повтори дека Израел ја изразува својата подготвеност да и помогне на Македонија при соочувањето со сите предизвици,  се наведува во соопштението на МВР.

Соговорниците разговарале и за претстојните парламентарни избори и улогата на МВР во нивната подготовка и спроведување.  Спасовски потенцирал дека е неопходно изборите да бидат фер и демократски, а идната Влада да биде составена од чесни и некорумпирани политичари.

Амбасадорот Орјан потенцирал дека Израел ќе соработува со владата која ќе биде избрана на демократски и чесни избори. 

 
 
28.09.2016 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега