„Иднината на енергетиката - каде Македонија и ЕУ се среќаваат“

„Иднината на енергетиката - каде Македонија и ЕУ се среќаваат, е насловената конференцијата што ќе се одржи денеска во ЕУ-инфо центарот во Скопје, во организација на нво „Аналитика“, со партнерите „Еко-свест“ и Фронт 21/42. 

На конференцијата ќе бидат претставени регионални патокази за развојот на енергетските сектори на Југоисточна Европа на Макеоднија, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Хрватска. Идејата, сооопштуваат од „Аналитика“, е да покажеме дека е возможна алтернатива од сегашната состојба, која е зелена, одржлива и ќе ја помага економијата.

Целите на овој проект, меѓудругото, се создавање алтернативна политика за одржлива енергија за ЈИЕ преку креирање енергетски модели и сценарија, подигнување на свеста за влијанијата на тековните енергетски политики во споредба со алтернативните, ниско јаглеродни политики врз сегашните и идни граѓани преку стратешко застапување и набљудување...

 
 
29.09.2016 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега