Бизарна смрт во Струга: Маж си ја прегазил сопругата со автомобил

 

Шеесет и двегодишната М.Ш. од струшкото село Враништа синоќа го загуби животот откако била прегазена од семејниот автомобил со кој управувал нејзиниот сопруг В.Ш.

МВР информира дека незгодата се случила околу 18 часот и 20 минути во Радожда, кога М.Ш. и нејзиниот сопруг тргнале да си одат од домот на С.Г.

Нејзиниот сопруг, како што појасни полицијата, не можел да го запали автомобилот „Фиат“, па сопругата и С.Г. го туркале по блиската нагорнина за да го стартува возилото.

- Во еден момент возилото почнало да се враќа назад, а ре, бидејќи сопирачките не му работеле, по што жената била прегазена. Починала на пат кон струшката Болница, соопшти МВР.

Полицијата извршила увид на местото на незгодата и по наредба на јавенВ.Ш. не можел да го соп обвинител телото на починатата е предадена на семејството за погреб.

 
 
29.09.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега