Мртов маж пронајден во апартман во Берово
Четириесет и девет годишниот Т.Г.М. од Пловдив, Бугарија вчера бил пронајден починат во сместувачки објект во Берово.
Од полицијата информираат дека безживотното тело било пронајдено од страна на неговите колеги со кои бил дојден во Берово.
Најверојатно тој починал од природна смрт која била констатирана од лекар. Увид извршиле полициски екипи и јавен обвинител, по чија наредба телото ќе биде предадено на обдукција.
29.09.2016 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа