Традиционално одгледување на македонската медоносна пчела во трмки

Технологијата на пчеларење во трмки не се променил уште од времето на фараоните. Денес во Македонија се применува многу малку, за да се зачува традицијата.

Пчеларењето во трмки е нерентабилно и економски неисплатливо, но на пчелите им го овозможува најрпиродниот амбиент за живеење, во фрома на конус. Тие не се прихрануваат, ниту се заштитуваат од болести со какви било хемиски препарати.

Како што вели Нацо Јовчевски, член на президиумот МакБи и еден од ретките одгледувачи на пчели во трмки кај нас, годишниот принос од трмката е два до четири килограми мед.

– Пчеларењето во трмки е многу поедноставен од современиот, но економски нерентабилен. Но затоа, пчелите цела година живеат во природен амбиент, во благостсотојба што им е овозможена од приливот на нектар, бидејќи матицата го развива семејството само толку колку што може да се обезбеди храна во природата, објаснува Јовчевски.

Основна задача на пчеларот е да ја направи трмката и да го истресе ројот пчели во неа. Ројот истресен во трмката почнува интензивно да гради природно саке на седум до девет сота бидејќи во него има голем број млади пчели кои со огромна брзина го пополнуваат целиот простор со саке и пчели.

Според Јовчевски, во таква трмка годишно може да излезат три до пет роеви без интервенција на пчеларот. Матицата и пчелите се во постојана работна атмосфера и семејството достигнува брз растеж. Добиениот мед од трмката се сече со специјален нож од два до четири сота по запечатување со восочни капачки.

– Бидејќи имаме неколки роеви во текот на пролетта кои се случуваат еден по друг, драстично се намалува бројот на вароата во семејството. Дното на трмката е отворено, а ѕидовите се порозни па затоа има одлична вентилација која ги намалува ризиците од другите болести. Како што се намалува бројот на пчелите во зима, тие се движат од дното на трмката нагоре и секогаш имаат на дофат мед и перга. Конусот овозможува семејството секогаш лесно да се придвижува кон храната и да ја одржува оптиманлата температура во ценатрот на клубето и во неговите краеви, дополнува младиот пчелар.

Семејството во трмката може дополнително да се заштити од крлеж со екстракт од мајчина душичка (тимол) во пролет.

– Производството на мед во трмки датира од времето на фараоните. На камените ѕидови во пирамидите може да се видат слики за технологијата на пчеларење во трмки. До денес оваа технологија не претрпела измени бидејќи трмките се прават од истиот материјал – гранки од врба, пофит или други дрвенести растенија кои се еластични и може да се плетат во вид на конус, истакнува Јовчевски.

03.10.2016 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега