Италија ги протера поради ширење радикален ислам - МВР од аеродром ги испрати дома во Струга

 

Петтемина македонски државјани, од струшкото село Октиси, кои италијанските власти ги протераа заради ширење радикален ислам, македонската полиција по распит на аеродромот во Скопје ги пушти да заминат дома образложение дека не се најдени докази за радикален исламизам. Протераните четворица мажи и една жена, вчераутро пет минути по полноќ слетале со специјален лет од Италија, откако тамошните власти ги протерале од државатасо образложение дека ја загрозувале националната безбедност, бидејќи на нивните фејсбук профили биле објавени голем број видеа и документи за поддршка на ИСИС. По пристигнувањето на аеродромот Александар Велики, со протераните македонски државјани разговарале инспектори од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои процениле дека протераните лица се безопасни. Официјално, од МВР не го коментираат зошто овие лица од Октиси се депортирани, со објаснување дека МВР не може да зборува во име на италијанските власти. 

 
 
03.10.2016 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега