Нема крај на трагедиите: Вечерва загина едно лице на патот Деллево - Пехчево

 

Во сообраќајна несреќа вечерва на регионалниот пат Пехчево – Делчево почина пешак на 44-годишна возраст.

Несреќата се случила во 20:15 часот, а покрај пешакот во сообраќајката учествувал автомобил марка „тојота“ со бугарски регистарски таблички, управуван од П.И (45) од Делчево, изјавиле од полицијата за Телеграф.

Возилото удрило во пешакот кој починал на лице место.

Сообраќајот до 22:05 часот беше во прекин, сега веќе се одвива нормално. Увидот на полицијата е во тек.

 
 
03.10.2016 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега