Почина пејачката која го отпеа евергринот "Ѕвона Ѕвонат"
По кратка и тешка болест почина Љупка Димитровска, познатата македонска пејачка на забавна музика, која вечно ќе остане запаметена по својот евергрин "Ѕвона ѕвонат".
Димитровска учествуваше на Југовизија во 1970 година со песната „Бај,бај“ со која го освои 6 место. Помладата македонска публика ја памети по победата на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип, кој го освои со песната „Ѕвона ѕвонат„.
Таа живееше и работеше во Загреб.
Нека почива во мир.
05.10.2016 - 08:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа