ФЗОМ ги отвара вратите за осигурениците

Осигурениците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од утре, во сите 30 подрачни служби на Фондот, ќе можат дирeктно од одговорните лица да се информираат за своите права, да претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување или да дадат свои идеи и предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот.

Како што се наведува во соопштението на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, отворените денови се дел од заложбите за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува.

Средбите со осигурениците, информира ФЗОМ, се начин да се согледа перцепцијата на осигурениците за нашата работа, но и да добиеме предлози за надминување на„ тесните грла“ во работењето. Средбите ги доживуваме како можност  за насоки  за тоа на што да се обрне поголемо  внимание, што треба да се подобри во работењето или  да се поедностави како процедура.

 
 
05.10.2016 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега