СИТЕЛ: Митото и корупцијата главна трговска бариера во регионот

Митото и корупцијата се главни проблеми со кои се соочуваат компаниите во трговијата на стоки и услуги. Земјите во регионот односно надлежните институции треба да се справат со ова зло на Балканот за да може трговијата да се придвижи напред, истакнува првиот човек на Стопанската комора. Азески  смета дека за ова е најпотребно царинските системи во земјите електронски да се поврзат,наспроти досегашното хартиено работење.

- Коренот на најголемото зло на Балканот се митото и корупцијата. Сите се правиме недоветни, дека тоа не го знаеме и, наместо да зборуваме за причините, се занимаваме со последиците. Јавно ги повикувам институциите да се заложат за откривање на причините на оваа појава што не подјадува сите, а причините се многу јасни и можете да ги видите секаде. Редици автомобили, камиони, блокади на границите,... Тоа со години трае зашто некој наметнува такво темпо, бидејќи има лукративен интерес, посочи Азески.

Од Стопанската комора додаваат дека е потребно сите компании од регионот да бидат посмели и повеќе да ги применуваат поедноставените царински постапки. Треба да има и поголема достапност на државите до компјутеризираниот транзитен систем, како и поинтензивна соработка со ЦЕФТА.

Над 80 отсто од извозот од земјава лани  бил реазлиран во Европската Унија, а само 12 проценти во регионов. 63 отсто од увезените материјали се од западните држави , а 10 проценти од соседите. Овие бројки покажуваат дека  трговската соработка  во регионот е  на ниско ниво и покрај потпишувањето на ЦЕФТА договорот.

 
 
07.10.2016 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега