По дождливата ноќ студено утро: Еве каде било најладно

Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Лазарополе, а најстудено утрово било во Маврово.

Имерените температури утрово се движеле од 1 во Маврово, 4 во Пожар и Ѓуриште, 5 во Пожаране, 6 во Лазарополе и Крушево, 7 во Тополчани, Берово и Крива Паланка, 8 во Куманово, Скопје, Дебар, Тетово и Прилеп, 9 во Штип, Битола, Виница, Струмица и Претор, 10 Скопје Петровец и Дојран, 11 во Охрид и  Демир Капија до 13 во Гевгелија.

Преку ноќта имаше зголемена облачност со повремено пинтензивни врнежи во првиот дел од ноќта, најпрвин во западните, а особено во северозападните делови од земјата. Оваа облачност се преместуваше кон исток но и беше се послаба. До изутрина врнежите престанаа, а утрово преовладува облачно време со услови за појава на слаб дожд на север и североисток. Од синоќешните часови дува и умерен северен ветер кој на северот дува и утринава, додека утре  ќе има позначителен пораст на дневната темпеартура, потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд поинтензивни од вторник попладне и во среда.

 
 
08.10.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега