Тешка сообраќајка на два камиони на патот Велес-Градско, еден возач загина, другиот повреден

 

Вчера во 13.25 часот во Велес на регионалниот пат Велес – Градско, во близина на местото викано „Венуле“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило Влекач „Сканија“ со штипски регистарски ознаки и Приклучно „Коегел“, управувано од Д.П.(1990) од Штип и товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ц.(1959) од Пробиштип.

Од здобиените повреди на лице место починал В.Ц.(1959) од Пробиштип.

Смрт е констатирана од доктор од итната медицинска помош. На Д.П. му била укажана лекарска помош во ОБ-Велес каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС ОН-Кавадарци. Сообраќајот бил во прекин до 16.45 часот.

 
 
08.10.2016 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега