Драма среде улица во Бит Пазар

Во 16 часот и 30  минути во Скопје на булеварот „Македонско Косовска Бригада“, полициски службеници од Бит Пазар, кои излегле на лице место по сообраќајна незгода, биле нападнати од страна на две непознати лица. Еден полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на стомакот и насилникот му ја искинал јакната за дожд, додека другиот полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на грбот.

По преземени мерки постојат основи на сомнение дека напаѓачите се 30-годишниот Ш.Р. и 19-годишниот А.К. од Скопје.

Истите биле приведени во полициска станица.

 
 
09.10.2016 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега