Притвор за насилниците кои ја ограбија бензинската во Гостивар

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Гостивар и едно од Тетово, осомничени за сторено кривично дело Разбојништво.

Осомничените се товарат дека со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападнат врз животот и телото на друг, се обиделе да ја ограбат бензинската пумпа на „Макпетрол”, лоцирана на улицата „Илинденска” во Гостивар.

Во намерата да ја ограбат бензинската пумпа ги спречиле двајца вработени, од кои едниот  заработил удари со пендрек во главата од осомничените.

Основното јавно обвинителство – Гостивар против осомничените поднесе предлог за определување на мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го уважи предлогот и на сите четворица осомничени им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, сметано од денот на нивното лишување од слобода.​​

 
 
10.10.2016 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега