Драма во Кисела Вода: Им го запалил станот со бензин додека биле внатре

 

Драма се одвивала синоќа во Гази Баба и Кисела Вода. Во 1 часот и 50 минути во Гази Баба, М.Х. од Скопје се јавил во полиција и пројавил дека од 23.30 до 01.30 часот во Скопје на улицата „Зендел Џемаил“, во дворот од куќата на В.А. непознат сторител го испрскал нивното возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, го запалил, а потоа заминал во непознат правец. 

Исто така, утрово во 1 часот по полноќ, 49-годишниот Ј.В. од Кисела Вода пријавил дека непознат сторител дошол до неговиот стан (во кој живееле Б.Д. (74) и Н.Д.(72)), ја полил влезната врата и дел од скалите со непозната запалива течност, ја запалил и заминал во непознат правец. Со пламенот била зафатена влезната врата која целосно е оштетена и дел од ламинатот во претсобјето, а зачадени се и влезната врата од соседниот стан, ходникот од зградата, прозорците од ходникот и оштетени се дел од скалите на истиот спрат.

Од екипа на Брзата помош Скопје, пожарот е изгаснат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
10.10.2016 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега