СООБРАЌАЈКА: Го удриле од позади па го претепале - тетовчанец итно на Ургентен

Вчера во 20:15 часот во Полициската станица во Тетово, лицето М.С. (37) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 18:20 часот во Тетово на улица „Илинденска“, додека управувал автомобил марка „Пежо“, одзади бил удрен од товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки.

Веднаш по ударот од „Ивекото“ излегло непознато лице кое со глава го удрило во пределот на лицето, велејќи му дека нагло закочил и предизвикал сообраќајна незгода. Тогаш изглегле уште двајцакои го качиле сторителот во возилото и се оддалечиле од местото на настанот.

После тоа М.С. се упатил во Клинички центар во Тетово каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно рачистување на случајот.

 

 

 
 
11.10.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега