Најдобра реклама за Македонија од луѓето кои ја посетиле: „Зошто барем еднаш во животот мора да го посетите Скопје“

Една од најдобрите реклами која било која земја може да ја има е искуството на луѓето кои ја посетиле. Позитивните искуства секогаш со себе носат желба за споделување и препорачување на она што е добро да се види, да се вкуси или да се чуе.

Ањали Томас, е писателка која својот живот го посветила не само на пишаниот збор, туку и на патувањата насекаде во светот, од каде, како што пишува за себе, ја црпи инспирацијата.

Фасцинирана од она што го видела во Македонија, особено од главниот град Скопје, таа на својот блог напиша посебен напис со наслов Зошто барем еднаш во животот мора да го посетите Скопје“.

-Вистината е дека Македонија е една од најубавите балкански земји. Но, главниот град Скопје  е своевиден магнет, кој ги привлекува љубопитните туристи да видат нешто што е навистина уникатно. Од бројни споменици, огромниот крст кој го „надгледува“ градот од Водно, па се до старите калдрми кои кријат неверојатни тајни, Скопје нуди нешто неверојатно, невообичаено и реално, пишува таа.

Објаснува дека градот бил разурнат со земјотресот во 1963 година, како  дека со проектот 2014 се враќа стариот но и се додава нов уникатен изглед.

На нејзиниот блог, можете да ги прочитате искуствата од целата посета на Македонија.

 
 
13.10.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега