Наместо да си слета во Бугарија со параглајдер влегол во Делчево

Вчера попладне во 19:30 часот, во атар на селото Ветерн - Делчево, поради лоши временски услови, со параглајдер слетал 26 годишниот Бугарин Васил Б. од Ќустендил, дознава Пресс24. Според нашите информации, Бугаринот, и покрај неволјите, не заработил повреди.

Македонските надлежните екипи извршиле разговор со Васил и во 20:30 часот тој бил предаден на бугарските погранични органи.