На Богородица колони на Дојран се чека 2-3 минути - погледнете што се случува на граничните премини

 

На граничните премини Богородица и Дојран августовскиот туристички бран минува без поголем сообраќаен метеж, соопштија надлежните службеници.

Од почетокот на овој месец до денеска, на излез од земјата границата ја минале 21.825 патници од кои 1.605 македонски државјани,а во земјата влегле 19.466 патници од кои само 173 биле наши граѓани. Во споменатиот период вкупно 41.292 патници во двата правца ја минале границата на Богородица од кои 1.778 се македонски државјани.

Задржувањето на возилата и патниците поради обавување на царинските формалности на македонската граница се движи од 10 до 15 минути додека поголемо е на грчката страна поради проблеми со компјутерскиот систем и намален број на царински службеници.

Многу помала е раздвиженоста на граничниот премин Дојран. Од 1-ви август до денеска кон Грција се упатиле вкупно 10.344 патници од кои 5.369 македонски државјани.

Од нив 1.102 заминале на одмор во Грција, а 4.267 се вратиле во земјата.Задржувањето на возилата и патниците на Дојран не е поголемо од 2 до 3 минути.

најчитано сега