Мисајловски: Нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја

 

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се од Буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500 илјади евра издвои Општина Гази Баба.

Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при означувањето на почетокот на реконструкцијата на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Сингелиќ.

- Како Влада посветено работевме да ги подобриме сите услови во поплавените подрачја и за тоа направивме неколку крупни чекори. Пред се, обезбедивме дополнителни три милиони евра директно од Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта за подобрување на локалната патна мрежа, а воедно и го сменивме Законот за да може „Македонија пат“ директно да се вклучи во изградбата на сите локални патишта во местата зафатени со поплавите

 
 
15.10.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега